(Вознемирувачко видео) Патници излегуваат од остатоците на авионот: драматична снимка од преживеаните во несреќата

kazahstan-avion-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патнички авион се урна денеска во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, при што според досегашните информации животот го загубија над 40 лица.  Најмалку 25 ја преживеале несреќата.


Меѓу патниците имало и деца, а информации за жртвите ќе бидат соопштени наскоро.

Во болницата досега се превезени најмалку 22 патници, од кои некои се во тешка состојба.

На социјалните мрежи се појави видео од преживеаните патници. На него се гледа како тие излегуваат од урнатините, извлекувајќи други од него.

Снимката е вознемирувачка.

По падот на патничкиот авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пренесуваат азербејџанските медиуми, авионот удрил во јато птици. Подоцна се појавија информации дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но се урнал на само три километри од аеродромот Акатау.

Генералниот конзул на Азербејџан во Актау, Ајкан Сулејманли изјави дека засега „не можат ништо да кажат“.

„Нашите вработени се таму, а јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK