Возачот на автобусот кој удри во камион во близина на Белград е уапсен

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската полиција го уапси М.К. (63), осомничен дека изутрината на Новиот обреновачки пат во населбата Умка во насока кон Белград, додека управувал автобус на градски превоз удрил во камион, при што едно лице од автобусот загинало, а 20 се повредени.


Одредена му е мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Тој се товари за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз и е уапсен по наредба на Второто основно обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK