Пет лица се ранети во болница во Истанбул кога непознато лице пукало од огнено оружје.
Според турскиот медиум ТРТ Хабер, меѓу петтемина повредени има полицаец, припадник на жандармеријата, припадник на обезбедување и двајца цивили. Ниту еден од нив не е во животна опасност.
Во нападот е оштетена зградата на болницата и амбулантно возило.
Во соопштението на гувернерот на Истанбул, соопштено е дека непознато лице побегнало од местото на настанот, а возилото што го користел напаѓачот било пронајдено напуштено.
Полицијата работи на расчистување на случајот.