Вонредна состојба во Исланд – стотици потреси за неколку часа, наредена е евакуација

Вонредна-состојба-во-Исланд-–-стотици-потреси-за-неколку-часа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Исланд прогласи вонредна состојба, а полицијата ги повика жителите да го евакуираат крајбрежниот град Гриндавик по интензивниот бран потреси на југозападот на земјата поврзан со можна ерупција на вулканот Фаградалсфјал. Речиси 800 земјотреси се регистрирани помеѓу полноќ и 14 часот, а најплиткиот е на длабочина од 3 до 3,5 километри, објави Исландската метеоролошка служба.



Исландската агенција за цивилна заштита соопшти дека „ тунелот од магма што се формира може да стигне до Гриндавик“. Исландските власти додадоа дека е невозможно да се каже дали и каде магмата може да се пробие на површината.

„Земјотресите може да станат посилни од оние што веќе се случиле, а овој редослед на настани може да доведе до ерупција. Сепак, сè уште нема знаци на приближување на магмата до површината. Нејзиниот напредок внимателно се следи“, соопшти агенцијата за цивилна заштита. .

Властите ги повикаа жителите на мирна евакуација и нагласија дека нема непосредна опасност.

„Сакаме да повториме дека жителите мора да ги евакуираат своите домови и да го напуштат градот. Но, исто така сакаме да повториме дека ова не е итна евакуација, има доволно време да се подготвиме и мирно да го напуштат градот“, најавија тие.

 

Американската амбасада во Исланд издаде предупредување за зголемени знаци на вулканска активност.

„Доколку се случи ерупција, следете ги упатствата на исландските власти. Вулканските опасности може да вклучуваат лава, токсични гасови и густ чад “, се вели во извештајот.

Исланд се наоѓа на границата на тектонски плочи кои постојано се оддалечуваат, раздвојувајќи ги Северна Америка и Евроазија по должината на линијата на Средноатлантскиот гребен. Во Исланд има дури 32 активни вулкани. Од крајот на октомври на југозапад од Исланд се регистрирани повеќе од 20.000 земјотреси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK