Американската морнарица тајно им помага на трговски бродови да минуваат низ Ормутскиот теснец, објави „Волстрит журнал“.
Според американски воени извори, морнарицата неодамна следела грчки супертанкер со околу 2 милиони барели нафта додека минувал низ стратешкиот воден пат кај Оман. Бродот претходно бил блокиран во Персискиот Залив и сега се упатува кон Индија.
САД претходно се обиделе да организираат заштитен премин за бродови во рамки на операција „Project Freedom“, но таа била прекината откако Иран започнал напади врз бродови, а Саудиска Арабија ограничила пристап до бази и воздушен простор.
И покрај тоа, американски претставници тврдат дека морнарицата планира да помогне уште на околу десет бродови да поминат низ теснецот во наредните денови.
Ормутскиот теснец останува една од најважните светски рути за нафта и гас и е област на зголемени тензии меѓу САД и Иран.