Володин: Одлуката за помилување на Бајден нанесе огромна штета на авторитетот на американското претседателство


677z381_677z381_1-President-of-the-Russi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер нанесе огромна штета на авторитетот на американското претседателство, соопшти денеска претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин. „Одлуката на Бајден да го помилува својот син нанесе огромна штета на авторитетот на американското претседателство. Ќе бидат потребни децении за да се врати во очите не само на нејзините граѓани, туку и на целата светска заедница“, рече Володин на Телеграм.


Според него, тешко дека е можно во друга земја, претседателот во заминување да донесе указ за целосно и општо помилување на неговиот син, кој беше обвинет за повеќе кривични дела, меѓу кои и тешки.

„Бајден и претходно неколку пати изјави дека никогаш нема да преземе таков чекор и дека нема да ја попречува правдата“, нагласи Володин. Тој исто така рече дека многу земји постојано се обвинуваат дека немаат таква демократија и не ги почитуваат човековите права САД.

„И овие луѓе го учат целиот свет за животот: која земја може да се смета за легална, а која не, какви треба да бидат стандардите на демократијата и човековите права, целиот свет го слуша ова од САД“, нагласи Володин. пренесува Танјуг.

Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер во неделата, иако откако ја презеде функцијата претседател, вети дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда.

Тој изјави дека до сега останал на таа одлука, иако, како што навел, гледал како неговиот син „неправедно го гонат“, пренесе Ројтерс.

Во помилувањето се наведува дека Бајден одобрил „целосно и безусловно“ помилување за Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година. Бајден оцени дека Хантер бил кривично гонет само затоа што е негов син, пренесуваат медиумите во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK