„Војската ќе направи урнатини од локациите на Хамас“ – Нетанјаху побара од Палестинците да ја напуштат Газа

„Војската-ќе-направи-урнатини-од-локациите-на-Хамас-–-Нетанјаху.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вечерва и’ се обрати на нацијата и вети дека ќе ги искористи целите капацитети на одбранбените сили за да ги уништи објектите на Хамас во Појасот Газа.


Нарекувајќи ги денешните настани нешто никогаш невидено во Израел, тој вети дека ќе се погрижи никогаш повеќе да не се повтори. Тој вели дека Хамас започнал сурова и зла војна, насочена кон невини цивили, млади и стари.

„Израел и ќе се погрижи никогаш да не се повтори… Армијата веднаш ќе ја искористи сета своја моќ да ги уништи капацитетите на Хамас“,  рече премиерот на Изразел и додаде дека овој мрачен ден ќе биде осветлен.

Израел ќе го таргетира Хамас насекаде – местата каде што се крие и работи и ќе ги претвори во градови од урнатини, рече Нетанјаху.

Тој им порача на на луѓето од Газа да го напуштат местото сега, бидејќи ќе дејствуваат насекаде со полна сила.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK