Џек Тешеира (22), припадник на воздушната национална гарда на Масачусетс, е осуден на 15 години затвор поради објавување на голем број доверливи документи за национална безбедност на Интернет.
„Не гледам никаква двосмисленост за тоа што го направивте, тоа беше погрешно“, рече судијката Индира Талвани за време на изрекувањето на пресудата, пренесе Си-Би-Ес Њуз.
Тешеира рече дека му е жал за се што направил и за штетата што ја предизвикал.