­

Военото присуство на САД во Европа нема да трае вечно, вели Пит Хегсет


3f489ecd-1dae-46b3-bea8-29c1cf56fb8a.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европските земји мора да инвестираат во одбраната сега бидејќи не може да се очекува американското присуство на континентот да трае вечно, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет за време на посетата на Варшава.


Посочувајќи ја Полска, која планира да потроши 4,7 отсто од својот БДП за одбрана оваа година, како пример, Хегсет го повтори барањето на Вашингтон европските сојузници на НАТО да сносат поголем финансиски товар за сопствената безбедност.

„Она што ќе се случи за пет, 10 или 15 години е дел од поголема дискусија што го одразува нивото на закана, позицијата на Америка, нашите потреби ширум светот, но, уште поважно, способноста на европските земји да ги зголемат трошоците“, рече Хегсет на прес-конференција.

„И затоа нашата порака до нашите европски сојузници е толку силна. Сега е време да се инвестира затоа што не може да се претпостави дека американското присуство ќе трае вечно“.

По неговата изјава на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој ја предупреди Европа да не го третира Вашингтон како „будала“ која е на крајот одговорна за европската безбедност, тој рече дека Вашингтон се соочува со многу закани, вклучително и Кина.

Хегсет во средата рече дека враќањето на Украина на нејзините граници пред 2014 година не е реално и дека администрацијата на Трамп не го гледа членството на Украина во НАТО како дел од решението за војната против Русија, што предизвика бес во Европа.

Неговите критичари веруваат дека на тој начин САД ѝ попуштиле на Русија уште пред почетокот на мировните преговори, нарекувајќи го тоа голема победа за рускиот претседател Владимир Путин.

Во своја одбрана, Хегсет рече дека со тоа ја признава реалноста на теренот и ја остава отворена вратата за американските потези во преговорите што може да се гледаат како отстапки, вклучително и за прашања како што се американската воена помош за Украина и американското воено присуство во Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK