Рускиот претседател Владимир Путин се обраќа по 19 пат за состојбата на нацијата. Говорот започна во 10 часот по македонско време. Традиционално, клучните теми на обраќањето не беа претходно објавени. Сепак, Путин најави дека за време на својот говор ќе ги изнесе главните задачи за следните шест години.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Путин лично го подготвил говорот и дека имал „десетици телефонски контакти и средби лице в лице“ со министри, вицепремиери и други владини претставници. Обраќањето се емитува во живо на федералните телевизиски канали и на надворешните екрани во големите градови. На церемонијата беа поканети околу 1.000 луѓе.
Меѓу нив има членови на двата дома на рускиот парламент, претставници на владата и претседателската администрација, шефови на уставни и врховни судови, гувернери, претставници на верски организации, дипломати и новинари, како и учесници во „специјалната воена операција“.