Во Велика Британија минатата година поради штрајови изгубени речиси четири милиони работни денови

20230814104659_big_730x400_45
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 3,9 милиони работни денови во Велика Британија се изгубени поради штрајкови минатата година, што е повеќе од кога било од 1980-тите, покажува ново истражување.

Многу од штрајковите беа поттикнати од реалниот пад на платите за повеќе од девет отсто во високо синдикално организираниот јавен сектор, објави Фондацијата „Резолуција“.


Високата инфлација значи дека просечната неделна плата за сите работници била ниска. Секторите вклучувајќи ги здравството, образованието, поштенските услуги и железницата се одговорни за 96 отсто од сите изгубени денови поради штрајкови од 2021 година, соопшти тој тинк-тенк.  Во неговиот извештај, објавен додека трае штрајкот на помладите лекари, се вели дека високата инфлација значи дека просечната неделна плата за сите работници била за 4,1 отсто пониска во трите месеци до мај отколку во истиот квартал од 2021 година.  Но, реалните плати за работниците во јавниот сектор паднаа за 9,2 отсто во истиот период, а за тие во здравството и социјалната заштита за 9,8 отсто, се наведува во студијата.  Фондацијата соопшти дека штрајковите не се само за платите, предупредувајќи дека работните услови, исцрпеноста и стресот исто така имаат важна улога.

Притисокот врз платите во јавниот сектор, исто така, се чини дека придонесе за зголемување на бројот на слободните работни места. Во март имало 33 отсто повеќе слободни работни места во здравството, образованието и јавната администрација отколку во декември 2019 година, во споредба со 23 отсто повеќе во остатокот од економијата, се вели во извештајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK