Во Швајцарија избодел три деца на пат кон градинка

shvajcarija-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж нападнал и повредил три мали деца кои оделе во градинка во Цирих, соопшти швајцарската полиција. Осомничениот е уапсен.


Нешто попладне полицијата добила дојава за инцидентот во областа Оерликон во најголемиот швајцарски град. Полицијата соопшти дека децата биле на пат кон градинката со жена која работи во установата кога маж ненадејно ги избодел со нож.

Вработената во градинка брзо го совладала напаѓачот со помош на друг маж и го држела додека не дојде полицијата. Полицијата соопшти дека напаѓачот е 23-годишен кинески државјанин, пишува „Асошиејтед прес“.

Три петгодишни момчиња се пренесени во болници, од кои едно со тешки и две со умерени повреди, се вели во соопштението на полицијата. Полицијата не соопшти детали за можниот мотив за нападот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK