Во САД извршено второто погубување со контроверзниот метод: „Тој се тресеше и се бореше за воздух“

Screenshot-2024-09-27-082025.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Соединетите Држави, беше извршена втора егзекуција со азот, контроверзен метод што американските и европските ветеринари го сметаа за неприфатлив за еутанизација на повеќето животни.


59-годишниот Алан Јуџин Милер бил прогласен за мртов во 18:38 часот по локално време во затвор во јужна Алабама. Милер се тресеше и трепереше околу две минути, по што следеа околу шест минути напорно дишење при што се бореше за воздух, пишува Асошиејтед прес.

Смртоносниот метод вклучува ставање респираторна маска на лицето и снабдување со чист азот. Недостатокот на кислород предизвикува смрт од задушување. Последните зборови на Милер беа: „Не направив ништо за да бидам овде“ и „Не направив ништо за да бидам осуден на смрт“, велат новинарите кои биле сведоци на неговата смрт. Тој побарал од семејството и пријателите да се „грижат“ за некого, но не било јасно чие име кажал.

Неговиот глас на моменти беше пригушен од маската што му го покриваше лицето од челото до брадата. Милер беше погубен поради пукање во 1999 година во кое загинаа тројца негови соработници – Ли Холдбрукс, Кристофер Скот Јанси и Тери Џарвис.

„Вечерва конечно беше задоволена правдата за овие три жртви. Неговите постапки не беа резултат на лудост, туку чисто зло. Неговите грозоморни злосторства засекогаш променија три семејства и се молам тие да најдат утеха после сите овие години“, рече гувернерката на Алабама, Кеј Ајви.

Првата егзекуција со азот беше извршена, исто така, во Алабама, во јануари. Очевидец тогаш за Асошиетед прес опиша како изгледала егзекуцијата на 58-годишниот Кенет Смит.

„Смит почна насилно да се тресе, да се врти и да се грчи, како да има напад. Силата на неговите движења предизвикаа количката видно да се помрдне барем еднаш. Ја подигна главата од количката, а потоа падна назад“, се сеќава очевидецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK