Русија изврши ракетен напад врз главниот град Киев и напад со беспилотно летало врз западниот град Лавов, недалеку од границата со членката на НАТО Полска, соопштија украинските воени претставници, а единиците за противвоздушна одбрана се обидуваат да ги одбијат нападите.
Во Лавов, изјави украинскиот парламентарец Олексиј Гончаренко, речиси цело семејство е убиено.
Russia killed almost the entire family in Lviv today. Only the man in this photo is alive: his wife and three daughters died in their own house because of the strike. pic.twitter.com/DRo7TVjowb
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) September 4, 2024
„Русија денеска во Лавов уби речиси цело семејство. Жив е само човекот на оваа фотографија. Неговата сопруга и трите ќерки загинаа во својот дом“, напиша тој.
Градоначалникот на Лавов објави дека во рускиот напад загинале мајката Јевхенија и нејзините три ќерки – Јарина, Дарина и Емилија.
Најстарата, Емилија имала само 21 година и работела во кабинетот на градоначалникот на проектот Лавов – престолнина на младите во 2025 година.