Во рускиот напад на Запорожје загинаа девет лица, а 17 лица беа повредени

6-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Девет лица загинаа денеска, а 17, меѓу кои две деца, се повредени во руски ракетен напад врз Запорожје на истокот на Украина, изјави шефот на Регионалната воена управа на Запорожје, Иван Федоров.


Девет лица загинаа, седумнаесет се ранети, меѓу кои две деца на возраст од 4 и 11 години“, напиша Федоров на Телеграм, пренесува Интерфакс Украина.

Тој изјави дека од воздушниот напад била уништена сервисната станица, а оштетени се околните куќи и продавници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK