Во рускиот напад на кафулето загинале сопругата и синот на убиениот војник, за кого се одржувала комеморација

Во-рускиот-напад-на-кафулето-загинале-сопругата-и-синот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментот кога едно кафуле беше погодено од руски ракетен напад во селото Хроза во областа Харков, таму се одржуваше комеморација за паднатиот војник кој беше повторно погребан во родниот град.


Вдовицата и синот на војникот се меѓу 51 лице кои загинаа на 5 октомври, изјави Дмитро Чубенко, портпарол на обвинителството во Харков.

Чубенка рече дека војникот најпрвин бил погребан во Днепар, но повторно бил погребан во селото Хорза на барање на неговото семејство.

Синот и сопругата на војникот го организирале настанот и биле убиени во нападот, рече Чубенко, според Скај њуз. Тој додаде дека и неговиот син бил војник.

Во вчерашниот руски напад врз цивилни објекти во источна Украина загинаа најмалку 51 човек, меѓу кои и шестгодишно момче, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK