Во Русија се врши „чистка“ на најистакнатите руски генерали

gerasimov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По неуспешниот бунт на платениците на „Вагнер“, најистакнатите руски генерали исчезнаа од јавноста. Според непотврдени извештаи, најмалку едно лице е уапсено. Началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Валериј Герасимов не се појави во јавноста или на државната телевизија откако на 24 јуни заврши бунтот на паравоената група.

Американски официјални лица синоќа изјавија дека генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на руските воени операции во Украина, го поддржува Пригожин, но дека западните разузнавачки служби не знаат со сигурност дали тој на некој начин го помага бунтот.


„Москва тајмс“ на руски јазик и еден воен блогер објавија дека Суровикин е уапсен, додека некои други воени новинари со голем број следбеници во Русија тврдат дека тој и другите високи офицери биле испрашувани од безбедносната служба ФСБ за да се провери нивната лојалност.

Телеграмскиот канал „Рајбар“, управуван од поранешен офицер за печат на руското Министерство за одбрана, објави дека „чистката е во тек“. Според „Рајбар“ властите се обидуваат да го елиминираат воениот персонал, за кој се смета дека покажал „неодлучност“ во задушувањето на бунтот, бидејќи делови од вооружените сили, наводно, направиле малку за да ги запрат борците на „Вагнер“ во раните фази на бунтот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK