Полицијата во Рoterdam уапсила маж што сака да го испраша во врска со три убиства во градскиот кварт Ијселмонд во изминатите 12 дена, објави холандскиот Телеграф.
Маж, кој има 24 години и нема пријавено живеалиште, е уапсен вчера, нешто по 23 часот, на балкон од стан на Емелиседијк.
При апсењето полицијата пронашла пиштол кој, според извештајот на Telegraaf, осомничениот наводно се обидувал да го фрли. Полицијата дополнително соопшти дека се уште е нејасен мотивот на напаѓачот и најави прес-конференција за денеска.
Првата жртва, 63-годишен маж, ја убил на 21 декември. Втората жртва, 58-годишен маж, ја ранил една недела подоцна, а третата жртва, 81-годишен старец вчераутро. Од здобиените повреди истиот ден починал во болница.
Според холандските медиуми, сите жртви биле избрани по случаен избор, без никакви криминални врски, а полицијата ги предупредила жителите на околината да бидат крајно внимателни кога се надвор. Шокираните локални жители изјавија за Telegraaf дека во станот во кој е уапсен осомничениот живеат две жени и дека претходно не го виделе осомничениот.
„Не го познаваме, но мило ми е што е уапсен“, изјави еден сосед за Telegraaf. „Поминавме низ пекол изминативе неколку дена. Не се осмелив да излезам. Имам шест деца, но тоа можеше да ми се случи и мене.