Во протестите во Тбилиси 150 полицајци повредени, а околу 400 демонстранти беа приведени

3-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 150 полицајци се повредени за време на протестите на приврзаниците на опозицијата во Грузија, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека од 28 ноември досега повеќе од 400 лица се приведени поради различни прекршоци.


Како што јави дописникот на Интерфакс, полицајците не им пришле на демонстрантите во ноќта меѓу неделата и понеделникот и покрај големиот број пиротехнички средства кои беа испукани кон зградата на парламентот.

Порталот Џорџија денеска објави дека групи маскирани полицајци апсат осамени демонстранти на споредните улици, но и на авенијата Руставели, каде се уште има голем број демонстранти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK