Во пораст употребата на деца војници во Сирија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот извештај на Обединетите нации (ОН) за децата во вооружени конфликти, што денеска беше објавен, покажува дека во Сирија е регистриран пораст на употребата на деца војници, иако борбите се смируваат во повеќето делови од земјата.

Во последните три години во Сирија е зголемен бројот на деца регрутирани од различни вооружени групи, од 813 во 2020 година на 1.296 во 2021 година и 1.696 во 2022 година, се наведува во извештајот на ОН.


Меѓу оние кои наводно регрутираат деца е сојузникот на САД во борбата против Исламската држава, курдските Сириски демократски сили (СДФ) . Според извештајот, само во 2022 година ним им се припишуваат третина од сите случаи на регрутирање деца.

Исто така, се додава во извештајот, ОН потврдуваат за 611 случаи на регрутирање деца од страна на Сириската национална армија поддржана од Турција, која во минатиото имаше жестоки судири со курдската СДФ, и 383 од „Хајат Тахрир ал-Шам“, воена милиција поврзана со Ал Каеда, која дејствува во северозападна Сирија.  Во извештајот се наведени и 25 случаи на регрутирање деца од сириските владини сили и провладините милиции.

-Низ цела Сирија се регрутираат деца, изјави извршниот директор на организацијата „Сиријците за вистина и правда“ Басам Аламад.

Според него, во некои случаи децата биле насилно регрутирани. Во други, малолетниците се пријавуваат затоа што на нив или на нивните семејства им требаат пари. Некои се приклучуваат од идеолошки причини или поради семејна и племенска лојалност. Во некои случаи, децата се испраќаат од Сирија да се борат како платеници во други конфликти.

Во 2019 година, СДС потпиша договор со ОН во кој вети дека ќе го прекине приемот на деца под 18-годишна возраст во своите редови и ќе формира голем број канцеларии за заштита на децата на нејзината територија.

Американскиот Стејт департмент го бранеше својот сојузник во соопштението, наведувајќи дека СДФ е „единствената вооружена страна во Сирија што одговори на повикот на ОН да се прекине употребата на деца војници“.

Нодем Шеро, портпаролка на една од канцелариите за заштита на децата управувана од локалната администрација поврзана со СДФ, призна дека децата сè уште се регрутираат во областите контролирани од СДФ.

Меѓутоа, додаде дека функционира механизмот за жалби и дека во нејзината канцеларија во првите пет месеци од годинава пристигнала 20 поплаки. Четири малолетници се пронајдени во вооружените сили на СДФ и вратени кај нивните семејства, а другите деца не биле во овие единици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK