Во подморницата што се спушташе до „Титаник“ има кислород за помалку од 70 часа

podmornica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во тек е голема операција за пребарување и спасување во Атлантскиот Океан, откако исчезна туристичка подморница со пет лица, која требаше да нурне до потонатиот брод „Титаник“.

Американската и канадската крајбрежна стража бараат мала туристичка подморница со пет лица во неа. Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нурнување, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон.


Билетите за осумдневно патување кое вклучува возење со брод до местото на потонувањето на „Титаник“ и нуркање со подморница на длабочина од 3.800 метри чинат 250 илјади долари.

Меѓу петте лица во подморницата е и богатиот британски милијардер, бизнисменот Хамиш Хардинг, директор на компанијата „Екшн Авиеишн“ (Action Aviation), пренесуваат агенциите. Хардинг неодамна на социјалните мрежи објави дека ќе биде дел од тимот.

-Екипажот на подморницата се состои од неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до РМС „Титаник“ од 1980-тите, напиша Хардинг во објавата.

Американската крајбрежна стража соопшти дека трага по пет лица откако канадскиот истражувачки брод „Полар Принц“ (Polar Prince) изгубил контакт со подморницата за време на неговото нуркање.

Подморницата со која беше изгубен контакт во неделата треба да има четиридневно снабдување со кислород. „На подморницата можеби и останале помалку од 70 часа кислород, изјави адмирал Џон Маугер, командант на округот на Првата крајбрежна стража.

Компанијата што го организира патувањето, „Оушн Гејт Експедишнс“ (OceanGate Expeditions) посочи дека ги истражува и ги мобилизира сите опции за да обезбеди безбедно враќање на екипажот.

На својата веб-страница „Оушн Гејт Експедишнс“ наведува дека мисијата за посета на „Титаник“ е во тек од 12 до 20 јуни. Подморницата е дизајнирана да може да однесе пет лица на длабочина од четири илјади метри, а под вода може да останат 96 часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK