Во немирите во Франција уапсени 77 демонстранти

francija-nemiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Франција синоќа продолжија насилствата, особено во парискиот регион, каде полицаец уби седумнаесетгодишник, кој одбил да го послуша. Демонстрантите во повеќе градови палеа и се судрија со полицијата, при што се уапсени 77 луѓе.

Ситуацијата во Нантер, на 15 километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. Демонстрантите на зградите поставија транспаранети „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.


Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите возвратија со камења. Според Ле Монд, во Нантер, полицијата била принудена делумно да се повлече.

Во околу дваесет општини во Сена-Сен Дени, департман во североисточниот дел на Париз, пријавени се пожари.

Во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус, а во кварт во Тулуз најверојатно од запален камион.

Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства.

Во некои места како Сент Етјен, Лил и Рен, инцидентите се случија за време на собири за поддршка на еколошкото движење кое неодамна беше распуштено од владата.

Демонстрантите се судрија со полицијата во Лил. Снимките објавени на интернет покажуваат луѓе во Градското собрание во предградието Монс-ен-Барул како палат документи и столови.

Во Рен, околу 300 луѓе се собраа да му оддадат почит на тинејџерот, некои од нив исто така запалија оган, но беа растерани од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK