Во Минхен, повик да се штеди вода: потрошувачката скокната за 20 проценти


depositphotos_672635244_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради топлотниот бран во Германија, општинските претпријатија во Минхен апелираа до населението штедливо да ја користи водата за пиење, објавија денес германските медиуми.


„Во споредба со „нормален“ ден во јуни, потрошувачката на вода во Минхен моментално е околу 20 проценти поголема. Оваа ситуација е исто така можност да се апелира на одговорно користење на водата и со тоа да се избегне непотребна потрошувачка“, изјави портпаролот на комуналните претпријатија во Минхен, според „Шпигел“.

Жителите на Минхен треба да се воздржат од прекумерно наводнување на градините и тревниците, базените и детските базени засега не треба да се полнат, а треба да се избегнува миење автомобили, се вели во соопштението од водоводот во Минхен.

Сепак, овие совети не се однесуваат на одржување на хидратација и властите им препорачаа на своите сограѓани да пијат многу течности, особено вода, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK