Во Миланската катедрала почна опелото за Берлускони

berluskoni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во катедралата во Милано почна опело за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој почина пред два дена на 86-годишна возраст.

Поради смртта на Берлускони денеска е ден на национална жалост во цела Италија, а Парламентот ја прекина работата цела недела.


На опелото присуствуваа италијанскиот претседател и премиерката Серџо Матарела и  Џорџа Мелони. Меѓу присутните во храмот беа и претседателите на двата парламентарни дома, како и поранешните премиери Марио Драги и Матео Ренци и други политичари.

На погребот присуствуваа и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, како и премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателот на Ирак, Абдул Латиф Рашид.

Од раните зори, приврзаниците на Берлускони се пред катедралата, пред која има поставено барикади. Тоа што се случува во храмот се гледа на огромни екрани поставени на плоштадот пред катедралата.

Според италијанските медиуми, Берлускони побарал да биде кремиран, а потоа урната со неговата пепел ќе биде сместена во капелата на неговиот луксузен имот во Аркоре кај Милано.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK