Во Мексико пронајдени 11 тајни гробници со тела на 15 мажи

3-32.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единаесет тајни гробници со тела на 15 мажи се пронајдени во јужната мексиканска држава Чиапас, каде што има спор меѓу нарко картелите Синалоа и Халиско, соопштија локалните власти.


Гувернерот на Чијапас Едуардо Рамирез Агилар објави на социјалните мрежи дека гробниците се откриени како резултат на рација во градот Ла Конкордија, во близина на границата на Мексико со Гватемала.

Тој посочи дека се уапсени четири лица поврзани со случајот и дека кај нив е пронајдено оружје и дрога, пренесе Гласот на Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK