­

Во масовни пукотници во Ново Мексико загинаа најмалку три лица


meksiko-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во масовно пукање во парк во Лас Крус, Ново Мексико, соопшти  локалната полиција.


Полицијата вчера ги повика минувачите да споделат видеа додека продолжува потрагата по осомничените за нападот што се случи во вчеравечер во паркот посетен од млади луѓе.

Повредените се пренесени во блиските болници со брза помош и приватен автомобил.

Полицијата во Лас Крус помага во истрагата со државната полиција на Ново Мексико, канцеларијата на шерифот на округот Дона Ана, ФБИ и агенти од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK