Најмалку три лица загинаа денеска во експлозии на нови уреди во либанскиот регион Бека, додека домашните системи за соларна енергија експлодираа во неколку области на Бејрут, јавува либанската државна новинска агенција.
Во исто време, неименувани безбедносни извори за Ројтерс изјавија дека стотици луѓе се ранети во серија нови експлозии низ Либан.
Рачни радија користени од милитантната група Хезболах експлодираа низ јужниот дел на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут.
Најмалку една од експлозиите се случила во близина на погреб организиран од Хезболах за луѓето кои загинаа во пејџер експлозии претходниот ден, објави Тајмс оф Израел.
„Неколку воки-токи експлодираа во јужните предградија на Бејрут“, изјави извор за израелската агенција.
Либанските спасувачи потврдија дека уредите експлодирале во два автомобили во областа.
Во серијата пејџер-експлозии низ Либан, најмалку 12 лица, вклучително и едно дете, загинаа во вторникот, додека околу 2.750 луѓе беа повредени.
Либанската влада и Хезболах го обвинија Израел за нападот, пренесува Танјуг.