Силниот земјотрес од 7,4 степени што попладнево ја погоди Колубија., предизвика штети и во градот Кали. Според најновите информации таму се урнале повеќе згради, меѓу кои и објект во кој се наоѓала нотарска канцеларија.
Градоначалникот на Кали потврди дека има луѓе заробени под урнатините. На објавените снимки се гледа како граѓани со голи раце копаат низ остатоците од една од урнатите згради.
Cali #Temblor edificio de 4 pisos y notaría. pic.twitter.com/GnXvYwZ8t4
— Jessik (@TiestoLifee) August 10, 2026
Кали се наоѓа југозападно од главниот град Богота.