Во Кина по обидот за атентат, веќе се продаваат маици со фотографијата на Трамп

tramp-d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеските веб-страници за е-трговија веќе продаваат маици и торби со крвавото лице на Доналд Трамп по обидот за атентат врз него на митингот во Пенсилванија во саботата.


Престрелката, која сега е под истрага на ФБИ, се чини дека само ја зголеми непредвидливоста на она што веќе се очекуваше да биде многу тесна претседателска трка пред изборите во ноември 2024 година, пишуваат медиумите во светот.

На Таобао и на други веб-страници за е-трговија, производителите на маици почнаа да продаваат облека со широко споделена фотографија на Трамп, направена само неколку моменти откако одекнаа истрелите и додека агентите на Тајната служба се обидуваа да го одведат од сцената.

На Weibo, најголемата кинеска онлајн страница за социјални медиуми, Трамп стана најпопуларна тема. Корисниците ги коментираа реакциите на поранешниот претседател на сцената, пишува „Newsweek“.

„Реакциите на Трамп се прилично брзи“, напиша еден корисник.

„Трамп дефинитивно ќе биде избран“, додаде друг корисник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK