Во Киев пристигнува неочекуван пакет: Европската унија подготвува изненадување за Зеленски, но и за Путин

Во-Киев-пристигнува-неочекуван-пакет-Европската-унија-подготвува-изненадување-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија продолжува да и дава на Украина воена помош, вклучително оружје, муниција и воена опрема, како и обука за воен персонал и би можела да ги одобри првите пет милијарди евра оваа година во рамките на Европскиот фонд за мир за следната година, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.


„Предложив нов билатерален повеќегодишен пакет во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕПФ), до пет милијарди евра за следната година. Се надевам дека ќе успееме да постигнеме договор пред крајот на годината, кога земјите-членки треба да се договорат за ревизија на повеќегодишната финансиска рамка“, рече Борел во понеделникот на прес-конференција во Киев, по состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи, пренесува Укринформ.

Тој истакна дека разговорите одржани во Киев со учество на европски министри помогнаа подобро да се разбере безбедносната димензија на ситуацијата во Украина, која, како што рече, била централна тема со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Разговаравме за безбедносните обврски што сакаме да и ги обезбедиме на Украина, покажувајќи ја нашата решеност да застанеме на страна на Украина на долг рок, да ги одвратиме актите на агресија и да се спротивставиме на напорите на Русија за дестабилизација“, рече Борел.

Тој додаде дека обуката на украинските војници продолжува и дека целта е во наредните месеци да се обучат 40.000 војници, што вклучува и специјализирана обука за пилоти на ловци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK