Експлозии одекнаа во Киев за време на предупредувањето за воздушен напад издадено во раните утрински часови.
Укринформ пренесува дека ова го соопшти воената управа на градот Киев.
„Продолжува тревогата за воздушен напад. Во главниот град делува противвоздушна одбрана. Останете во засолништата додека не заврши алармот“, напиша на Телеграм шефот на таа управа Серхиј Попко.
Зборуваше и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.
„Во градот се активирани силите за воздушна одбрана. Останете во засолништа! Алармот за опасност од воздух во главниот град траеше цела ноќ“, рече Кличко.