Во Јужна Кореја напаѓач со автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа напаѓал со нож, еден загинат, 14 повредени

policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку едно лице е убиено во напад со нож во Јужна Кореја, јави јужнокорејската приватна новинска агенција.
Од Пандорка Арсовска-Гацова
08:40, 4 август, 2023
Во Јужна Кореја напаѓач со автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа напаѓал со нож, еден загинат, 14 повредени

Сеул, 4 август 2023 (МИА) – Најмалку едно лице е убиено во напад со нож во Јужна Кореја, јави јужнокорејската приватна новинска агенција.


Маж од јужнокорејскиот град Сонгнам во четвртокот со својот автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа излегол од возилото и избодел некои од нив, при што повредил 14 лица. Девет лица беа избодени со нож, а пет беа удрени од автомобил во близина на главниот град Сеул, соопшти полицијата.

Според полицијата, напаѓачот бил уапсен по нападот врз минувачите.

Медиумите објавија дека напаѓачот имал 20-тина години, дека работел како доставувач и дека имал психички проблеми.

Нападот се случил во близина на голема стоковна куќа и други продавници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK