Во извештајот за кршење на правата на децата во конфликти, ОН ја додадоа Русија на „листата на срамот“

obedineti_nacii_324322
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Руските вооружени сили и сродните вооружени групи се додадени на „списокот на срамот“ на ОН во врска со кршењето на правата на децата за време на конфликтот, поради нивните дејствија во Украина, се наведува во копија од годишниот извештај на генералниот секретар на ОН.

„Посебно сум шокиран од големиот број напади врз училишта, болници и заштитен персонал, како и големиот број на загинати и осакатени деца што им се припишуваат на руските сили и поврзаните вооружени групи“, рече Антонио Гутереш во извештајот за 2022 година што ќе биде објавен следната недела, а во кој имале увид француски медиуми


Тојнаведува дека е шокиран од големиот број сериозни прекршувања на правата на децата во Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја.

Според извештајот дистрибуиран денеска до членките на Советот за безбедност на ОН, Светската организација потврди дека во Украина во 2022 година биле убиени 477 деца, од кои за 136 деца се одговорни  руските сили и сродните групи, а за 80 – украинските вооружени сили .

Откри дека имало 909 случаи на осакатени деца, од кои 518 случаи им се припишуваат на руските сили и придружните групи, додека 175 случаи се припишуваат на украинските сили.

Иако украинските вооружени сили не беа вклучени во анексот каде што се именувани одговорните за овие прекршувања, извештајот наречен „список на срамот“, сепак ја предупредува Украина за бројот на убиени и осакатени деца и за нападите врз училиштата и болниците.

Генералниот секретар предупреди дека во следниот извештај ќе посвети посебно внимание на таа ситуација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK