Единаесет цивили, меѓу кои шест деца, беа убиени во израелските напади низ јужен Либан вчера, соопштија директорот на болницата и три либански безбедносни извори.
Со овие напади Израел одговори на ракетниот напад на либанската милитантна група Хезболах во кој загина војник.
Четворица борци на Хезболах се убиени во одвоени напади, соопштија од групата и безбедносни извори, објави „Тајмс оф Израел“.