­

Во израелски воздушен напад врз Газа загинаа 15 лица


gaza56.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цивилната одбрана во Газа соопшти дека најмалку 15 лица загинале денеска во зори во израелските воздушни напади врз северниот дел на Појасот Газа, по повикот на израелската армија за евакуација.


Портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал рече дека нападот бил насочен кон неколку куќи во населбата Шуџаја во градот Газа. „Уште неколку луѓе се заробени под урнатините“, додаде тој.

Израелската војска упати нов повик за евакуација на жителите на Шуџаија и други делови на северниот дел на Појасот Газа.

„Израелската армија оперира со голема сила во вашите области за да ја уништи терористичката инфраструктура на палестинското исламистичко движење Хамас“, рече портпаролот на армијата на арапски јазик Авичај Адраи во објава на Икс. „

Морате веднаш да ги напуштите овие области и да отидете во познатите засолништа во западниот дел на градот Газа“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK