Најмалку 40 работници се заробени денеска во урнат тунел во изградба на пат во северната индиска држава Утарканд, изјави претставник на спасувачките служби.
„Околу 200 метри од тунелот се урна“, изјави за „АФП“ претставник од местото на несреќата.
Тој рече дека во тунелот биле блокирани 40 или 41 работник.
Низ отворите на урнатините им се доставува кислород. Тунелот продолжува да се урива додека спасувачите се обидуваат да стигнат до работниците заробени внатре.