Во Хрватска има закана од поројни поплави, најпогодена е Истра

4-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми.


Поради силниот дожд што го донесе циклонот кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на удар се Истра и Кварнер, јави ХРТ.

Најмногу дожд наврна во поширокото подрачје на Риека, меѓу 100 и 200 милиметри на метар квадратен, пренесува ИстраМет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK