Во руското гранатирање на регионот Харков две лица загинаа, а тројца се повредени, меѓу кои и едно 10-годишно дете, објави на Фејсбук началникот на воената управа на овој регион Олег Синегубов.
Еден маж загина во гранатирањето на селото Новоосинове, во населбата Купијан, а оштетени се две куќи, една гаража и неколку автомобили, пренесува Укринформ.
Во градот Изум, 58-годишна жена е повредена како резултат на воздушен напад од ракетниот комплекс „Искандер-М“.