Во Германија продолжува потрагата по 14-годишната Вера

Во-Германија-продолжува-потрагата-по-14-годишната-Вера.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во германскиот град Росток продолжува потрагата по 14-годишната Вера Хрустиќ.


Како што информираат од локалната полиција, таа последен пат била видена во вторникот попладне на 19 декември околу 16 часот во сместувањето за бегалци во областа Тојтенвинкел. Оттогаш и се губи секаква трага.

Полициската потрага засега е неуспешна, додаваат оттаму.

Вера е витка, висока 160 сантиметри, има црна коса до рамениците. Во моментот на нејзиното исчезнување носела бела јакна со црни риги.

Полицијата од Росток бара помош од граѓаните и бара секој кој има некаква информација за Вера да се обрати до најблиската полициска станица или телефонски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK