Во Газа почнува масовна вакцинација против детска парализа оти по 25 години се појави прв случај

Screenshot-2024-08-31-195704.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Палестинските здравствени власти во Појасот Газа денеска објавија дека во енклавата започнала масовна вакцинација на децата против детска парализа, откако беше забележан првиот случај на детска парализа во последните 25 години, пишува The Times of Israel.


Според извештаите, локалните здравствени власти, заедно со Обединетите нации и невладините организации, „денес започнуваат кампања за вакцинација против детска парализа во централниот регион“ на Појасот Газа.

Ал Џезира објави дека десетина луѓе биле вакцинирани во болницата Насер, пред официјалната кампања за имунизација што започнува утре.

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот соопшти дека Израел се согласил на серија тридневни „хуманитарни паузи“ во Газа за да го олеснат вакцинирањето, иако властите претходно изјавија дека кампањата се очекува да започне во недела.

По почетокот на имунизацијата во централниот дел на енклавата Газа, вакцините ќе се администрираат во јужна Газа, а потоа и на север.

Вакцината се дава во две дози, а целта на кампањата е да се вакцинираат повеќе од 640.000 деца помлади од 10 години, потсетува The Times of Israel.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK