Француското обвинителство покрена истрага за повеќекратно убиство откако беа пронајдени пет тела во градот Мо, североисточно од Париз.
Локалните медиуми јавуваат дека жртвите се жена и нејзините четири деца, пренесува Фигаро.
Веб-страницата Actu17, која прв објави за овој случај, наведува дека полицијата трага по 33-годишниот татко, кој е „во бегство“.
Телата се пронајдени во стан во градот Мео, кој е 41 километар од Париз.