Дронови паднаа врз два египетски града, потврди претседателот Абдел Фатах ел Сиси, пренесуваат медиумите.
Тој ги повика сите нации да го почитуваат суверенитетот и позицијата на Египет во регионот.
Египет ќе продолжи да игра позитивна улога во конфликтот Израел-Хамас и не сака тој да се прошири регионално, рече тој.
Вчера, два извори од египетската служба за безбедност изјавија дека „проектил“ паднал врз градот Нувеиба на Црвеното Море.