Во центар за мигранти во Словенија маж се заканувал дека ќе се разнесе извикувајќи „Алах е голем“

Во-центар-за-мигранти-во-Словенија-маж-се-заканувал-дека.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж се заканувал дека ќе се разнесе во Вич, Словенија, додека ги изговарал зборовите „Алаху акбар“ (Алах е голем), пишува N1 Словенија.


Во четвртокот вечерта се случи инцидент во центар за мигранти Вич кој полицијата го третира како терористички чин.

Наводно, околу 23 часот пред азил дошле двајца мажи, а едниот влегол во зградата и се заканил дека ќе се разнесе. Во исто време се известува дека тој извикал „Алаху акбар“, додека во автомобилот го чекал друг маж.

Како што пренесува 24ur.com, се наведува дека мажот е радикализиран Словенец, а на лице место бил уапсен од специјалната полициска единица.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK