Во ЦДУ тлее незадоволство

cdu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германските демохристијани (ЦДУ) сакаат да се вратат на власт, а за да го постигнат тоа мора да допрат до оние кои се незадоволни од работата на актуелната влада. Зошто не се во можност да го направат тоа доволно?

Ако Христијанско-демократската унија (ЦДУ) продолжи со своето обновување и повторно стане попривлечна за гласачите, „тогаш со сегашната федерална влада ќе биде готово најдоцна до крајот на 2025 година“, порача претседателот на партијата Фридрих Мерц седницата на Сојузниот комитет на ЦДУ во Берлин. Тој на собирот, кој во суштина е мини партиски конгрес, најави и дека фокусот на партијата ќе биде политика ориентирана на семејството и борбата против детската сиромаштија.


Сепак, лидерот на ЦДУ признава дека неговата партија се уште нема доволно корист од незадоволството од владејачката коалиција. Имено, по објавувањето на најновите резултати од анкетата, според кои, Алтернатива за Германија (АфД) забележа голем пораст, ЦДУ како да се укочи во шок. Зошто демохристијаните, како најголема опозициска партија, не се привлечни за неистомислениците? Тоа е прашање што го мачи и раководството и членството.

Подваријанта, а не спротивен модел

Во моментов, луѓето ги гледаат демохристијаните повеќе како подваријанта на владејачката „семафорска коалиција“ (СПД-Зелени-ФДП), а не како спротивен модел. Во партијата постојано зборува за тоа како годините под Ангела Меркел се уште имаат влијание врз перцепцијата на партијата кај гласачите. На крајот на краиштата, кој ќе им верува на демохристијаните дека подобро би владеле, кога беа на власт 16 години?

Претседателот на „Млада унија“, демохристијанскиот подмладок Јоханес Винкел вели дека партијата мора постриктно да се огради од некои одлуки од ерата на Ангела Меркел. Истовремено, тој наведува дека одлуките за миграцијата и енергетскиот пресврт биле погрешни и нагласува дека не би било убедливо доколку не се признаат овие грешки. Винкел оценува дека за ЦДУ е алармантно што 80 отсто од граѓаните не се задоволни од работата на актуелната влада, но помалку од 30 отсто од нив би гласале за демохристијаните.

Што да се прави со годините на Ангела Меркел?

Шефот на партијата Фридрих Мерц сè уште се двоуми дали да заземе јасен став за годините на власт на Ангела Меркел. Кога на поранешната канцеларка пред два месеци и беше врачена највисоката германска награда за заслуги, тој не сакаше да и честита – но сепак јавно не го критикува нејзиното владеење, бидејќи му е јасно дека тоа ќе навреди многумина кои имаа некои функции во партијата и владата во тоа време.

Мерц мора постојано да балансира меѓу полибералните и конзервативните делови на партијата. Не секогаш тоа му успева. За многумина, неговите изјави за „социјалниот туризам“ на странците или дека арапските момчиња во германските училишта се „мали паши“ кои не препознаваат авторитет, особено наставничките, звучат популистички. Во исто време, тој јасно се оградува од Алтернатива за Германија (AfD), нарекувајќи ја партијата непријателска кон странците и антисемитска.

До која мерка треба да се употребува популизмот?

Иако Мерц е строго против соработката со АфД, некои негови сопартијци од истокот на земјата на тоа гледаат поинаку. Ивона Магвас е пратеник од Саксонија и заменик – претседател на Бундестагот. Таа смета дека официјалната дистанца кон Алтернативата за Германија подразбира и дистанцирање во јазикот што се користи, односно дека „популизмот им помага само на популистите“.

Се чини, сепак, во партијата има две школи на мислење. На другата страна се оние кои заговараат жестока реторика, кои зборуваат за „енергична Штази“ и „зелено туторство“. Самиот Мерц предизвика поларизација со контроверзни изјави. Тој неодамна тврдеше дека секоја родово коректна емисија носи неколку стотици гласови за Алтернатива за Германија.

„Јазично да се остане чист“

Ова води до незадоволство, и тоа не само зад сцената. Премиерот на покраината Шлезвиг-Холштајн, Даниел Гинтер од ЦДУ, јавно го критикуваше Мерц, повикувајќи ги демохристијаните во весникот „Цајтунг Цајтунг“ да останат „јазично чисти и да не дебатираат за родова проблематика и останати споредни прашања“.

Во партијата дури има мислења дека кандидатурата на Мерк како кандидат за канцеларската позиција би довело до продолжување на времето во опозицијата.

Колку треба да се дистанцираме од Зелените?

Кога се поставува прашањето за лошите резултати на демохристијаните во анкетите, се слуша и одговорот дека партијата не се издвоила јасно од Зелените. Пред сè, на истокот на земјата, во Бранденбург, Саксонија и Тирингија, каде што ќе се одржат избори следната година, постои силна желба да се критикуваат појасно Зелените, вклучувајќи ги и барањата што веќе ги постави шефот на баварската Христијанско-социјална Унијата (ЦСУ), Маркус Зедер, практично да ја исклучи можноста за влез во коалиција со Зелените.

Мерк, сепак, нема да го стори тоа, па би пречкртал една од опциите за доаѓање на власт. Така, се добива впечаток дека ЦДУ стои скаменети како зајак пред змија.

Тежок пат до формирање влада на исток

Годината што доаѓа навистина може да биде опасна за ЦДУ. Во Тирингија, АфД би можела да стане најсилната партија, што би довело до тоа дека таму не може да се формира влада, бидејќи никој не би коалицирал со нив. Иако тоа би бил провинциски проблем, ЦДУ би морала да има некаков став за тоа на федерално ниво.

И ако веќе се оградувате од екстремната десница, што е со партиите лево од демохристијаните? Што е со Левица, од чии редови е Бодо Рамелов, моментално премиер на Тирингија?

Политичарите во партиското седиште на ЦДУ велат дека сето ова е се уште далечна иднина и дека Алтернативата за Германија нема да има голема улога на овој собир во Берлин. Две теми се на дневен ред на малиот партиски конгрес во Берлин: апстрактниот концепт на „слобода“ и второ: „пакетот за иднината на децата“.

ЦДУ со месеци разговара за својата „нова прагматика“. Новата партиска програма треба да биде предложена и усвоена на големиот партиски конгрес во мај следната година. Дотогаш, демохристијаните треба да знаат во која насока одат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK