Во Британија ја проценуваат заканата од тероризмот; МИ5: Веројатен е терористички напад

Во-Британија-ја-проценуваат-заканата-од-тероризмот-МИ5-Веројатен-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Состанок на владиниот комитет за итни случаи е свикан за денеска во Британија, за да се разговара за безбедносните ризици кои произлегуваат од конфликтот меѓу Израел и Хамас.


По убиствениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој предизвика одмазда во Појасот Газа, во Велика Британија се зголемени случаите на антисемитизам и исламофобија.

Огромни пропалестински протести се одржаа во Лондон и во други градови, додека еврејските групи организираа бдеење за 239-те израелски заложници кои ги држеше радикална исламистичка сунитска група.

„Треба да бидеме сигурни дека британските системи се безбедни и заштитени од терористичка закана, како што тоа секогаш го прави владата“, изјави секретарот за високо образование Роберт Халфон за Тајмс радио.

Британската разузнавачка агенција МИ5, задолжена за внатрешна безбедност, смета дека заканата од тероризмот во моментов е значајна, што значи дека е веројатен терористички напад или дека може да следи.

Постојат две повисоки категории на ниво на закана: сериозен, што значи дека нападот е многу веројатен, додека критичната закана значи дека нападот е многу веројатен во блиска иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK