Министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска ќе се сретнат во Брисел, каде што почнува дводневната средба, која ќе се фокусира на поддршката за Украина и заедничките напори за складирање оружје и муниција, јави ДПА.
Ова ќе биде последен форум на високо ниво пред годишниот самит, кој ќе се одржи следниот месец во Вилнус.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ќе им се придружи на своите колеги од земјите на НАТО на состанокот на таканаречената Контакт група за обезбедување одбранбена помош за Украина.
Во разговорите ќе бидат вклучени и земји кои не се членки на НАТО.
Се очекува денеска министрите да разговараат за прашањето како да се продлабочат врските меѓу алијансата и Украина, а утре да разговараат за новите планови за регионална одбрана.