Хамди Лубад, фудбалер на Ал Јармук, беше убиен заедно со неговото семејство при напад што се случи во Појасот Газа.
Како што јави руската новинска агенција РИА Новости, за време на израелското бомбардирање загинаа Хамди Лубад, неговата сопруга, како и нивните четири деца.
Конфликтот меѓу Израел и Палестина се уште трае, а Лубад е 303. спортист кој загинал во бомбашките напади.
Лубад беше познат по своите вештини на теренот, но неговиот живот за жал заврши трагично.
Breaking 🚨: Hamdi Lubbad, current midfielder of Al-Yarmouk Club and former of Ittihad Deir al-Balah, has been killed in an Israeli airstrike on his apartment in Gaza.
His wife and four daughters also killed.
303 footballers now killed by Israel, which will play today Vs Italy pic.twitter.com/n41hdjJPqP
— Abubaker Abed (@AbubakerAbedW) September 10, 2024
Најмалку 40 лица загинаа, а 60 се повредени во израелски напад врз палестински камп во областа Ал-Маваси во Кан Јунис, јужно од Појасот Газа.
Цивилната одбрана на Газа соопшти дека во нападот биле погодени најмалку 20 шатори каде што спиеле раселените Палестинци.
Областа Ал-Маваси, каде што има голем привремен камп за прием на палестински бегалци, израелската армија ја назначи како „безбедна зона“ за време на нејзините копнени напади врз блиските градови Рафа и Кан Јунис.