Во Австрија привремено ќе се конфискуваат возилата на шоферите кои ја надминале дозволената брзина

vozila
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Парламентот на Австрија одобри нацрт-законот кој ќе им овозможи на властите привремено да ги конфискуваат автомобилите на луѓето фатени како возат далеку над дозволената брзина.

Австриските пратеници вчера го одобрија предлог-законот со кој се предвидува привремено одземање на автомобилите на лицата кои ја надминуваат дозволената брзина за повеќе од 60 километри на час во населени места и повеќе од 70 километри на час на приградските патишта.


Во случај на повторени прекршоци, автомобилите може трајно да се одземат и да се продаваат на аукција.

Возачите кои го надминале ограничувањето на брзината за повеќе од 80 километри на час во населени места или за повеќе од 90 километри на час вон градските области, може да им бидат одземени автомобилите по првиот прекршок.

Мерката се очекува да стапи во сила во март 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK