Поради неодамнешната ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и терористичките напади во Франција и Белгија, властите во Австрија заклучија дека во Австрија постои „конкретна закана и зголемен ризик од напад“.
Како што соопшти министерот за внатрешни работи Герхард Карнер (ÖVP), тревогата за тероризам ќе биде подигната на второто највисоко ниво – портокалово, пишува „Index.hr“.
Последен пат ова ниво на терористичка закана беше активно во Австрија по терористичкиот напад во центарот на Виена со четири загинати на 2 ноември 2020 година.
На прес-конференцијата беше најавено дека полицијата во иднина уште повеќе ќе се потпира на силите на Сојузната армија во заштитните задачи. Во излагањето на Карнер пред Советот на министри, предвидено е до 190 војници на Сојузната армија да бидат распоредени согласно мерките за заштита на просторот и имотот, особено во Виена.
Дополнителните „специјално обучени сили“ на армијата треба „првенствено да се користат за заштита на еврејските институции“. Дипломатските мисии веќе беа заштитени од војници. Дополнително, ќе има центар за борба против тероризмот, кој ќе биде сместен во Министерството за внатрешни работи и ќе служи како врска меѓу министерството, вооружените сили и државната безбедност, стои во написите на медиумот.