Властите во Парагвај открија повеќе од четири тони кокаин скриени во пратка шеќер

Screenshot-2024-07-18-085903.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите во Парагвај открија повеќе од четири тони кокаин скриени во пратка шеќер наменета за Белгија.


Тоа е најголемата заплена на кокаин во историјата на земјата, објави АП.

Претседателот Сантијаго Пења им рече на новинарите дека откритието со кодно име „Операција слатко“ е дел од „многу тажни епизоди“ во Парагвај кои ја трансформираа стратешки лоцираната нација во клучен центар за трговија со дрога во регионот.

Пења изрази надеж дека вчерашната заплена, проценета на околу 240 милиони долари, ќе ја наруши трговијата со кокаин и рече дека полицијата ги гони одговорните.

„Мислам дека тоа испраќа сигнал до организираните банди да не го користат Парагвај како транзитна точка, тие ќе наидат на власти кои се одлучни и кои работат на координиран начин“, рече Пења, ветувајќи натамошни напори за зајакнување на безбедноста на пристаништето.

Според него, бандите нема да можат да ги избегнат сите контроли што се вршат.

Агенти на Парагвајската агенција за борба против дрога, позната како Сенад, во понеделникот во Пуерто Какупема, речно пристаниште во главниот град Асунсион, почнаа да распакуваат контејнери полни со кеси од 40 килограми шеќер.

Вчера сè уште го сортираа и мереа кокаинот сокриен во товарот.

Засега не е познато од каде доаѓа дрогата.

За разлика од блиските Боливија, Колумбија и Перу, Парагвај не произведува кокаин, но во последниве години оваа мала нација без излез на море се најде на насловните страници како центар за шверц на цигари и луксузни стоки покрај дрогата.

Ова предизвика корупција, па дури и насилство во земјата.

Некои од најголемите заплени на кокаин во Европа, особено во пристаништето Антверпен во Белгија, доаѓаат од речните пристаништа на Парагвај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK